| четврток, 6 декември 2018 |

ПСЖ ја освои титулата – на прославата се скараа Ибра и Леонардо (видео)

Пари сен Жермен немаше титула во францускиот шампионат од 1994 година, а синоќа ја освои по пауза од 19 години со триумфот од 1-0 над Лион, но на прославата во гардеробата се скараа Ибрахимовиќ и Леонардо. Првиот стрелец во Лигата, Ибрахимовиќ, и спортскиот директор Леонардо, очигледно, имаат нерасчистени сметки, па не можеа да се воздржат  ниту при славењето на долгоочекуваната круна. И двајцата се познати по својот темперамент и често знаат да избувнат.

Леонардо пред една седмица му направи проблем на ПСЖ со непотребниот гест по мечот со Валенсиен. Го турна главниот судија, незадоволен од неговата арбитража. Уште се памети и неговиот брутален старт како репрезентативец на Барзил, кога со лакот му го скрши носот на Рамос. Долга историја на недозволени испади има и Ибрахимовиќ, па е можно еден од нив двајца да си замине од ПСЖ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top