| четврток, 6 декември 2018 |

Триесет најрепрезентативни слики од црквите во Долна Нормандија во Музеј на Град Скопје

Оваа изложба се реализира во рамки на Проектот насловен – Промоција и конзервација на културното наследство во Македонија и Регионот Нормандија – којшто доби подршка со програмата за децентрализирана соработка помеѓу Нормандија и Македонија во периодот од 2013 – 2015 година. Се остварува во рамките на програмата на локален развој на Македонија во областа на заштитата на културното наследство.

Првиот дел од Проектот беше претставување на изложбата  Свети  места во опатијата Абеи – о- Дам во Каен во Нормандија организирана од страна на Здружението Македонида во мај годинава. Вториот  дел од Проектот се состои во претставување на изложбата Божествена убавина во Скопје. Изложбата е резултат на догогодишен истражувачки Проект воден од страна на Дирекцијата за инвентар и заштита н културното наследство на Регионот Нормандија. Целта на Проектот беше да се  истражи, вреднува, заштити  и презентира малку познатото богатство – уметничките слики во парохиските цркви во Долна Нормандија од периодот од 16 до 20 век , со акцент на 17, 18 и 19 век. Околу 3000 уметнички слики беа инвенторирани во текот во рамки на Проектот кој траел од 2007 до 2014 година.  Притоа беа откриени голем број информации и детали за повеќе уметнички слики, а се потврди авторството на неколку значајни дела на  доста познати сликари како фламанскиот сликар Мартен вон Хемсерк и италијанецот Фанциско Сурбабан.

Изложбата која имаме чест да ја видиме  во Музејот на Град Скопје претставува избор од 30 најрепрезентативни слики од црквите во Долна Нормандија, како и неколку фотографии од црквите кои биле предмет на истражување во кои се наоѓале сликите.  Со фотографија и со текст изложбата ја престставува и методологијата на истражувачкиот проект, прикажувајќи ги сите инволвирани партнери од Регионот, улгогата на дирекцијата  за Инвентар на културнуто наследство, улогата на општините,  како и Министерството за култура.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top