| четврток, 6 декември 2018 |

Пукање во Њу Орлеанс, најмалку дванаесет повредени

nju orleansНајмалку 12 лица се повредени откако непознати напаѓачи отвориле оган врз учесници на парада по повод Денот на мајката, во американскиот град Њу Орлеанс. Според локалната телевизија Fox8  меѓу ранетите е и 10-годишно девојченце. Три лица се во критична состојба.

Итните служби на болниците пренеле девет лица, од кои осум имале прострелни рани, a eдно е повредено во паниката која настанала.

Според полицијата во вториот дел од поворката по повод Денот на мајката учествувале околу 300 луѓе кога се слушнале истрели. Полицијата трага по три лица осомничени за нападот.

Претходно недалеку од овој инцидент, имало уште еден напад со огнено оружје во кој е ранет маж чија здравствена состојба не се знае, додава телевизијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top