| четврток, 6 декември 2018 |

Тренерот на МЗT Скопје Рајковиќ поднесе оставка, од клубот заминуваат и Мејси и Томас

По поразот од Цибона, Емил Рајковиќ поднесе оставка од кормилото на МЗТ Скопје, а клубот најави раскин на договорот и со Џеремаја Мејси и Тори Томас.

 – Јас сум тренер и човек кој негува високи морални вредности и поради тоа поднесувам неотповиклива оставка и дека на МЗТ Скопје Аеродром му посакувам среќа во следниот период во сите натпреварувања. Се трудев, дадов сѐ од себе, но едноставно не направивме резултат поради што ваквиот мој чекорможеби ќе биде подобар и за клубот и за мене – изјави Рајковиќ по натпреварот со Цибона.
МЗТ Скопје ја прекинува соработката и со Џеремаја Мејси и Тори Томас кои наскоро ќе добијат исписница од клубот.
Македонскиот шампион веќе утре тргнува во Литванија каде што во среда го игра првиот натпревар од Европкупот против Лиеткабелис. На овој меч тимот ќе го води досегашниот помошник Александар Јончевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top