| четврток, 6 декември 2018 |

Ги оставил мајката и бебето во поплавениот автомобил и избегал

Полицијата мораше да употреби специјално воено возило за да ја извлече беспомошната мајка од автомобилот, кој речиси целиот бил под вода.

Спасувањето се случило во градот Фајетвил, еден од најпогодените места во поплавите, кои ги предизвика ураганот Метју.

Според американските медиуми, жената со едно годишното дете била оставена сама во автомобилот и оти возачот побегнал, но не е познато дали се работи за нејзин сопруг или пријател.

Во овој град за исчезнати се водат четири лица.

poplava-severna-karolina-1

Спасувачките екипи досега спасија над стотина лица во Северна Каролина.

Бројот на жртви на невремето во сад се искачи на 17, од кои половината се во Северна Каролина.

Бројот на жртвите и штетите на разорниот ураган метју на Хаити беше далеку поголем – таму загинаа над 900 лица. На Карибите по поминувањето ан бурата загинаа 13 луѓе од колера, а 61 500 луѓе беа во прифатилишта – јави британски Телеграф.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top