Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски беше еден од најдобрите наши фудбалери против Италија, но сепак, мораше предвреме да го напушти дуелот поради повреда.
Човекот кој постигна гол во мрежата на „азурите“ го напушти теренот во 68. минута, а на негово место влезе Милован Петровиќ. Причината е повреда на зглобот, која сепак се покажала како лесна и која нема да го оддалечи нашиот голгетер од терените. Несторовски ќе мирува еден ден, а потоа ќе се приклучи на тренинзите на Палермо и ќе се подготвува за дуелот против Торино.
Тој со порака преку неговиот официјален фејсбук профил се обрати до загрижените фанови.
– Голема благодарност на сите оние кои се загрижиа за мене, сакав да ви кажам дека нема ништо сериозно, ќе се видиме во понеделник против Торино – напиша Несторовски.
Популарниот „Нестор-гол“ во дресот на Палермо има одиграно седум средби на кои постигна три гола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.