Стратешки планови, доближување на здравствени услуги до корисникот на услугите, према место на живеење, воведување на електронски здравствен систем, бројни превентивни програмски активности, зајакнување и осовременување на капацитетите на установата, а сето тоа потврдено со скоро 1 милион здравствени услуги во 2015 година.
Рационалната искористеност на специјалистичката здравствена заштита, како филтер на терциерно здравство, даде можност преку објавени публикации за установата и воведен збор на Директорката, д-р спец. Татјана Баевска Вучковиќ за ресурси во јавен здравствен систем да биде номинирана од Сократ Комитет за номинација и да учествува на Форумот на Европска Бизнис Асоцијација за Врвен Квалитет и Менаџмент во Кан, Франција на 07 и 08 октомври 2016 година.
Во тек на Форумот, Директорката на Здравствен Дом Скопје, имаше презентација со претставување на фактографски податоци на реализации, кои преку задоволство на корисникот на услугата, преку спроведени анкети со резултат повеќе од 80% задоволство на секое ниво.
Доближени јавни здравствени услуги, воведување нови дијагностички и терапевтски методи, отварање на нови 24 специјалистички кабинети и висока реализација од 94% на комплетно обработени пациенти, а само 6% препратени на терциерно ниво, дава слика на рационална искористеност и системска заштеда на здравствениот денар. Менаџерскиот пристап во рационализација на расходи пред се немедицински, допринесе до заштеда од 22 милиони денари, а инвестиции од скоро 65 милиони денари за реновирање и реконструкција на објектите, како и набавка на нова современа медицинска апаратура од 67 милиони денари. Институцијата од 2012 година има позитивно финансиско работење и зголемување на сопствените приходи од година во година.
Во 2015 година, воведени се поливалентни вакцини според кое во првите шест месеци од 2016 година, реализиран висок опфат од 48%, со кое се постигнува колективен имунитет како клуч на јавното здравје.
Беа презентирани проектите Мој Термин, Ало Докторе, Рурален доктор, каде оперативно, максимално се имплементирани од установата. Преку ИМП со новите возила, новоотворени пунктови и кадровско зајакнување се успеа во 2015 година, да се намали времето на интервенција за 4 минути. Целокупниот приказ на активности на установата го дава нејзиното стратешко значење во јавниот здравствен систем.
На Форумот доделено е Највисоко Интернационално признание – International Best Enterpraise for Best Medical Institution и Medal for Maneger of the Year to dr.spec. Tatjana Baevska Vuchkovic Director for Medical Affairs.
Присутни беа 62 учесника од разни држави, кои воглавно беа претставници на приватен сектор од разни дејности.
Здравствен Дом Скопје ке продолжи и понатаму преку своите вработени 1138 и 58 објекти да обезбедува квалитетни здравствени услуги до секој корисник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Филип Димишковски ја доби наградата „Golden Oryx “ за најдобар млад џез-музичар
-
Фестивалот на европски филм „Синедејс“ рамо до рамо со Фестивалите во Берлин, Кан, Сан Себастијан, Торонто и Венеција
-
Ново признание за Ѓоргиев, избран е за настап на јапонскиот ол-стар
-
Од зоната за испаѓање до Лигата на шампионите, Нагелсман е избран за тренер на годината