| четврток, 6 декември 2018 |

Се појавил крст во Џамија: Верниците мислат дека тоа е божји знак

Во една од џамиите во нигериската држава Насарава се појавил крст што ги изненадило присутните верници, а многу од нив тоа го сметале за чудо. Стотиците верници биле изненадени со чудната појава на крстот, а главниот имам на џамијата тоа го објаснил како Божји знак.

Хаџра Хусеини изјавила дека таа прва ја видела светлината во облик на крст во средата 28 септември, а нејзината мајка ја потврдила чудната појава, при што нагласила дека нејзината ќерка била уплашена кога пристигнала дома.

Мухамед Илијасу кој што е главен имам во џамијата, изјавил дека таа појава е всушност Божји знак, при што нагласил дека не е ништо чудно што се појавил крстот, бидејќи и Исус бил исто така Божји пророк.

Некои верници тврделе дека откако ја посетиле џамијата во која се појавил крстот почувствувале подобрување на нивното здравје.

Бев на операција пред две години и здравствената состојба ми беше многу тешка. Се молев пред крстот во џамијата и сега сум излекувана, изјавила Грејс Ејз.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top