Најдобриот македонски репрезентативец на мечот со Израел, Илија Несторовски, кој го постигна единствениот гол и над кого беше направен пеналот во судиското продолжение, по натпреварот беше меѓу најразочараните што неговиот придонес не беше доволен за да се стигне до позитивен резултат.
– Премногу сум разочаран. Немам зборови, да играме олку добар натпревар, да создаваме шанси, но не успеавме да стигнеме ниту до бод. Со играта, дефинитивно, не заслуживме пораз, се надевам дека Господ ќе ни врати веќе в недела на дуелот со Италија. Против себе имаме исклучително силен ривал, но зошто еднаш и ние да не дадеме гол од нашата прва шанса, потоа сигурно многу полесно би го контролирале резултатот и темпото – изјави Несторовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.