| четврток, 6 декември 2018 |

Ангеловски: Одлуката е моја, играчот над кој е направен пенал нема да шутира пенал!

angelovski

Игор Ангеловски им честиташе на своите фудбалери на одличното издание против Израел, изразувајќи жалост за бројните неискористени шанси кои придонесоа овој меч да се загуби со минимални 1-2. При пеналот над Несторовски дојде до мала мешаница околу тоа кој ќе го изведе ударот од белата точка, но селекторот посочи дека Јаховиќ бил негов избор.

– Кога ќе се упатат 14 удари кон противничкиот гол наспроти 6 на ривалот и ќе се загуби на ваков начин нормално е да бидете разочарани. Искрено ми е жал за момците кои одиграа квалитетно против силна репрезентација и покажаа дека поседуваат квалитет, но не беа наградени барем со еден бод. Што се однесува до пеналот, моја е одлуката,играчот над кој е направен пенал да не го шутира, сметав дека Јаховиќ како најсвеж има најдобри шанси да погоди, но ете се случи тој да не го реализира ударот од единаесет метри. Секако дека сме разочарани, но ќе продолжиме со напорна работа, знаеме дека се наоѓаме во незавидна ситуација, но верувам дека со ваква игра наскоро ќе дојдат и далеку подобри резултати – изјави Ангеловски.

Следниот меч Македонската фудбалска репрезентација го игра веќе в недела против селекцијата на Италија на арената „Филип втори“ со почеток од 20.45 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top