Во Босна и хецеговина од вчера непрестајно лие пороен дожд, а на повисоките места снег. Најмногу врнежи се забележани во источните, северозападните и централните подрачја на БиХ. Невремето, проследено со дожд, ветер и грмотевици најмогу ја погоди Тузла и околината. Според податоците на Цивилната заштита најзагрозена е населбата Црвене Њиве во Тузла, каде е евакуирани населението. Температурите во БиХ од изутринава се движат од два до 17 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


