Петгодишната ќерка на убиената пејачка Јелена Марјановиќ (33) од Борча ја претчувствувала смртта на својата баба Зорица Крсмановиќ (52)!
Таткото на Јана, Зоран за српските медиуми изјавил дека вечерта пред да почине Зорица, цела ноќ се обидувал да ја заспие ќерката, но во тоа не успеал до раните утрински часови, бидејќи девојчето постојано ја спомнувало баба ѝ!
-Дента кога Зорица почина, јас и Јана после градинка требаше да ја посетиме баба и, но нејзината смрт не престигна. Јана не сакаше да спие до пет изутрина, па склопувавме лего коцки, за да и ги пренасочам мислите, затоа што цела вечер ја спомнуваше баби и, но не прашуваше, туку констатираше:Тато, ќе биде мојата баба Зока добро – рекол Зоран, сопруг на убиената Јелена Марјановиќ и зет на починатата Зорица.
Тој вели дека на Јана не и соопштил дека баба и починала и дека не знае кога тоа ќе го направи.
-Јана не знае ниту за смртта на мајка и, а кога ќе и кажам ќе ни каже детскиот психолог со кој и досега се консултиравме – додал Зоран.
Сестрата на починатата Зорица вели дека таа додека умирала постојано ја довикувала Јана и последна желба и било да ја види. Но не и се исполнила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.