Женската ракометна репрезентација на Македонија синоќа загуби на гостувањето во Подгорица од Црна Гора со 31:24 (15:10).
Македонија на стартот од дуелот имаше минимална предност, но противникот со серија од 5:0 ја најави победата бидејќи имаше водство од 8:4, во финишот на првиот дел 15:9.
Во второто полувреме Црногорките имаа и рекордни плус 9 (22:13). Најефикасна на дуелот беше Керамитџиева со 9 гола.
Двете репрезентации ќе одиграат уште еден пријателски натпревар вечерва од 18:30 часот во рамките на ЕХФ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.