| четврток, 6 декември 2018 |

УМС во Кочани: Промовирани мерките од проектот „Македонија за младите“

ums-tribina-kocani-768x576

Вчера во Мулти културниот центар во Кочани продолжија трибините организирани од УМС на ВМРО-ДПМНЕ за промоција на мерките од проектот  Македонија за младите. Пред големиот број млади од Кочани, Виница, Чешиново- Облешево и Зрновци свое обраќање имаше Тимчо Муцунски, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ и заменик министер во министерството за информатичко опшество и администрација.

Муцунски пред присутните поопширно го објасни проектот за вработување на 100-те најдобри студенти, како предлагач на овој проект. Исто така се осврна и на мерката за патување на 100- те најдобри студенти во европските дестинации, како и за мерката која веќе се спроведува, обука за странски и ИТ вешти за невработени лица до 29 години.

ums2

Покрај Муцински на трибината говорници беа и Владо Бошњаковски и Владимир Атанасов, членови на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Тие ги образложија и објаснија проектите кои изминативе 9 месеца ги промовираше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, а се однесуваа од областа на студентскиот стандард, спортот и културата.

Ваквиот тип на трибини организирани од УМС на ВМРО-ДПМНЕ продолжува и понатаму во повеќето општини низ Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top