Голема полициска акција на органите на прогнот била изведена денеска за расчистување на неправилностите во работењето во високото образование во Македонија. Како што дознава Press24 од полициски извори, во рамки на акцијата под кодното име „Еразмус 2“, а врз основа на наредби на судија на претходна постапка, извршени се претреси на три локации во Скопје и една во Македонски брод за да се обезбедат докази за незаконско работење на МИТ универзитетот.
На четирите локации претесени се вкупно 7 места, а како што јави порталот, при претресот на станот на сопственичката пронајдени се два индекси од кои еден на турски студен запишан на дентална медицина, за што МИТ Универзитет нема дозвола за работа.
Во канцелариите на факултетот пронајдени се и списоци на суденти кои биле запишани на стоматологија и физиотерапија, за што Универзитетот исто така нема дозвола.
Во моментов УЈП има отворено налози за три фирми поврзани со МИТ и вршат проценка исто како и просветниот инспекторат. Покрај тоа, пронајдени се и каса прими од уплати и договори за студирање на козметологија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.