Колку пати се слушнале дека најстарите деца се миленици во фамилијата, најмладите се најразмазени и дека средните секогаш трагаат по поголемо внимание? Колку има вистина во ова ?
Секое дете во семејството презема одредена улога и истражувањата покажуваат дека редоследот на раѓање влијае на развојот на одредени карактеристики кај децата. Ова особено е истакнато кога разликата помеѓу нив е помала од 4 години и кога се од истиот пол. При ова и родителите го менуваат пристапот на воспитување, бидејќи гледаат дека некои воспитни мерки биле ефикасни кај едното дете додека кај другото не функционираат.
Најчесто прво родените деца имаат погрешно уверување дека треба да бидат најдобри за да бидат важни во семејството. Од нив родителите имаат и највисоки очекувања, па тоа доведува и до поголема самокритичност кај нив, но секогаш се поставуваат како лидери и сакаат да бидат први во сè.
Средните деца најчесто ниту се размазени ниту, пак, се гледани под стаклено ѕвоно. Во однос на другите деца во семејството тие се либерални, отпуштени и за нив се констатира дека умеат добро да слушаат и да преговараат.
Најмладите не е предрасуда дека се најразмазени не само од родителите, туку и од сестрите и браќата. Тие најчесто имаат уверување дека треба да го користат својот шарм за другите да им помагаат во обврските и често кога се сретнуваат со разочарувања го доживуваат целиот свет како нефер и неправеден.
извор: Боза.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.