| четврток, 6 декември 2018 |

Кошаркарскиот Моцарт вечно ќе живее (видео)

Минаа точно 24 години откако еден од најголемите европски кошаркари Дражен Петровиќ замина во вечноста. Нема роденден на Дражен или годишница од неговата смрт која кошаркарските фанатици ширум светот пропуштиле да ја одбележат сите овие 24 години.

Многу мастило е потрошено сите овие изминати години во обидите со збор да се опише кошаркарска големина како Дражен Петровиќ, пишувани се бројни книги, монографии, подготвувани се документарни филмови, но никогаш до крај вистински не може да се заокружи делото на хрватскиот кошаркар… Дражен самиот по себе, веќе е мит!

Момчето од Шибеник, кого во неговиот град сите го препознаваа како „нашиот малечок“, дебитираше за матичниот клуб во 1979 година, а последниот натпревар го одигра во 1993 година, неполни 14 години потоа. Меѓу сето тоа се сместија илјадници и илјадници кошеви, бројни трофеи и лични признанија, а низата за жал беше прекината, со таа кобна сообраќајна несреќа во 1993 година, кога Дражен имаше само 28 години. За жал. А, имаше уште толку многу, многу, кошарка пред себе.

И повторно денеска, на 7. јуни 2017 година, кошаркарскиот свет на момент ќе застане и ќе се потсети на еден голем спортист, пример за сите генерации.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top