| четврток, 6 декември 2018 |

Започнаа уписите на факултетите низ државава

Уписите за новата учебна година на скопскиот државен универзитет почнуваат утре. Тие се веќе во тек на битолскиот , штипскиот и  охридскиот  универзитет. 10 535 места се слободни на Универзитетот св. Кирил и Методиј. Најголем интерес и оваа година се очекува за општествените науки. Но интерес има и за техничките науки, па на факултетот за електротехника и информациски технологии се отвараат вратите околу 600 нови студенти.

Инаку новина оваа студиска година е  тоа што Владата донесе одлука да се активираат родовите студии на Филозофскиот факултет при УКИМ, кои 5 години беа ставени во мирување, како и студиите за безбедност и евроинтеграциите на „Факултетот за безбедност” при УКЛО, кои исто така беа во мирување. Годинава факултетите при Универзитетот “Св Кирил и Методиј” нема да имаат дисперзирани студии. За првпат се утврдени и квоти за упис на одредени студиски програми за студенти, чие родителско право го врши само еден родител, кои ќе плаќаат половина од износот на уписнината.

Вообичаено првиот уписен рок е во втората половина на Август, вториот кон крајот на месецот и првите денови од Септември, додека третиот уписен рок е кон средината на Септември. Оние кои ќе се запишат како редовни студенти, ќе влезат во државната квота ќе треба да плаќаат 200 евра годишно,редовните студенти во квотата со кофинансирање и вонредните ќе плаќаат по 400 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top