| четврток, 6 декември 2018 |

Во Русија по температура од 30 степени, падна снег

Вчера во Алтајскиот крај во Русија, на југоистокот во Западен Сибир дојде до нагло заладување. После неколку топли денови и температури од 30 степени, следуваа снежни врнежи.

Во градот Барнаул снегот ги покри полињата со веќе расцветани лалиња. Дрвјата на кои се појавија пролетни зелени лисја натежнаа од тежината на новопаднатиот снег. Се очекува во наредниве денови температурата да се спушти до минус два степена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top