| четврток, 6 декември 2018 |

Преживеала 17 дена под урната зграда (видео)

Војската на Бангладеш спасила жена која минала 17 дена под урнатините на зграда.

Решима останала заробена во подрумот на осумкатницата и минала со полесни повреди во несреќата во која загинаа повеќе од 1.000 луѓе. Се претпоставува дека жената имала мала залиха од вода или пак ја пиела водата која спасувачките екипи ја впумпувале во урнатините. Спасувачките екипи стравуваат дека под урнатините има уште жртви.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top