На 6 октомври 2016 г. со хит-комедијата „Централ парк-Запад“ од Вуди Ален, а во режија на Игор Ивковиќ, независната продукција „ТЕАТАР 007“ ја почнува новата сезона.
Речиси цели две години претставата „Централ парк-Запад“ ги освојува симпатиите на многубројната публика.
-Едночинката „Централ парк-Запад“ е конкретена и реална психолошка дисекција на меѓучовечките односи во современото живеење. Неверството, лагите, сексот, љубовта, современата болест „депресијата“ и на театарската сцена се главните теми околу кои се создаваат сите „вообичаени“ човечки ситуации, во „невообичаена“ средина на луѓе за кои никој никогаш не би помислил дека имаат такви проблеми. „Централ парк-Запад“ не е обична комедија, туку таа е и отворена психолошка сеанса за публиката. Преку петте различни карактери на Филис, Керол, Хауард, Сем и Џулиет, оваа претстава со молскавична брзина го води гледачот низ мноштво најразлични ситуации кои кулминираат со неочекувани пресврти и изненадувања – вели Миодраг Костиќ, продуцент на „ТЕАТАР 007“.
Во претставата играат: Ирена Илиевска, Ангела Наумоска, Марко Богданвски, Хари Мухајловски и Елизабета Клинчаревска-Младеновска.
Дизајнер на сценографија и коситими е Маре Трајковска.
Претставата се изведува на реновираната „МАЛА СЦЕНА“ при Ј.У. Конгресен центар „Александар Македонски“ (Универзална сала-Скопје), со почеток од 21 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонија на театарскиот фестивал „Долгопрудненска есен 2019“, Русија
-
Актерите од „Забрането смеење“: Публиката да се впушти во една театарска авантура
-
Гостивар ќе добие театар: Владата донесе одлука за основање НУ „Гостиварски театар“
-
Македонската филхармонија свечено ја почнува новата сезона со концертот „Ново утро“