| четврток, 6 декември 2018 |

Промовирана книгата „Музика и муабети“ од Ненад Георгиевски на „Скопје синема сити“

На второто издание на Филмскиот фестивал „Skopje Cinema City“ вчера беше промовирана книгата „Музика и муабети“’ од музичкиот критичар Ненад Георгиевски.

14606298_10209977484607613_3645281605715239066_n

Во книгата се поместени четириесетина интервјуа од стоте што ги има реализирано во 15-годишната новинарска кариера. Некои од нив се објавени во домашни, а некои во странски реномирани музички списанија и интернет-страници.

14495421_10209977475967397_6693122467526441611_n

Низ долгогодишната кариера Георгиевски имал можност да ужива во настапите на Пет Метини, Леонард Kоен, Дејвид Силвијан, Тереза Салгеиро, Мариза, Авишаи Kоен, како и во оние на нашите Џијан Емин, Kирил Џајковски, Влатко Стефановски, „Љубојна“…

14606427_10209977473367332_969723481914598162_n

Тие биле инспирација за интервјуа во кои подоцна уживаа музичките сладокусци. Токму деталите од овие настапи и разговори биле мотив да ги документира во “Музика и муабети”. Kнигата ја објави “Полица”.

„Скопје синема сити“ е фестивал со специјализиран фокус на музичките документарни филмови и, според изборот, има интернационален ревијален карактер. Целта е популаризација и едукација од областа на документаристиката и музиката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top