Овој рецепт за салатата од која се слабее го објави познатиот руски автор на многу книги од областа на народната-традиционална медицина, при едно негово гостување на руската телевизија во емисија за здрав живот.
Тој живее и работи во Каменск-Шахинискиј недалеку од Ростов. До сега има објавено повеќе од 60 книги кои се продадени во преку 30 милиони примероци а се преведени на повеќе странски јазици. Малахов со своите книги ги мотивира луѓето да го запознаат својот организам и да научат како сами да се лекуваат и да живеат поздрав живот.
Ова е рецептот на Малахов:
- Изрендајте 2 кисели јаболка.
- Додадете 50 г рендан корен од целер и малку изрендан корен од рен.
- Салатата зачинете ја со кефир.
Салатата ги „јаде“ вишокот калории и треба да се консумира навечер.
извот Хит кујна
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.