| четврток, 6 декември 2018 |

Деветто „Ѕвездено небо на Тоше“ во среда на плоштадот „Македонија“

Tose-Proeski-640x360

­ На 5 октомври од 20 часот на плоштадот „Македонија“ во Скопје ќе се одржи деветтата манифестација „Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше“ која ја организира фан­клубот на Тоше. Манифестацијата се одржува од 2008 година во чест и сеќавање на последниот концерт на македонската музичка легенда Тоше Проески (1981-­2007) и оттогаш секоја година на овој датум на плоштадот во главниот град се пеат неговите песни.

На 5 октомври 2007 година Тоше го одржа последниот концерт на Градскиот стадион во Скопје, кој беше хуманитарен и во соработка со УСАИД наменет за подобрување на условите во училиштата. На тој концерт Тоше го промовираше и последниот албум „Игри без граници“. По 11 дена, утрото на 16 октомври 2007, Тоше загина во сообраќајна несреќа на пат кон Хрватска, на 26­ годишна возраст.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top