| четврток, 6 декември 2018 |

Ѕвезденото небо на Тоше одложено за еден ден подоцна

Манифестацијата во чест на Тоше „Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше“, оваа година ќе се одржи еден ден подоцна.

Фановите во соопштение испратено до медиумите, ја информираат јавноста дека поради неможноста да се дојде до задоволувачки компромис со организаторите на Бела Ноќ за одржување на настанот “Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше”, истиот ќе биде поместен.

-Ние фановите решивме во духот на нашиот идол, да направиме компромис и да го одложиме настанот за следниот ден 06.10.2013 (недела). Така Тоше ќе го добие тоа што го заслужува, целовечерен настан посветен само за него, се вели во соопштението од фановите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top