| четврток, 6 декември 2018 |

По седми пат „Ѕвездено небо за Тоше“

На 5 октомври, денот на неговиот последен концерт, традиционално ќе се формира ѕвездено небо во чест на легендарниот Тоше Проески.

Годинава, седма по ред, како се одржува овој настан, почитувачите на неговото дело ќе може да ги кренат мобилните вечерта на градскиот плоштад во Скопје.

„Годините поминуваат но, традицијата, верноста и посветеноста на фановите останува.
И оваа година ве покануваме да бидете дел од настанот кој се одржува по седми пат во чест на последниот концерт на Тоше.
Вашето присуство на годинашниот настан би ни причинило посебно задоволство.
Ќе се запрашате зошто?
Време е за нешто ново!
Нови мелодии, нови ноти, нова љубовна приказна преточена во нова песна, која ќе биде уште еден доказ за неговата љубов и посветеност кон музиката!“, се вели во поканата на „Фејсбук“ страната на клубот на обожавателите на Тоше Проески.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top