| четврток, 6 декември 2018 |

Челси го враќа помалиот Азар за 13 милиони фунти

Премиерлигашот Челзи ќе испрати понуда за фудбалерот на Борусија Мехенгладбах, Торган Азар, кој оваа сезона игра во одлична форма во Бундеслигата и Лигата на шампионите.

Торган е роден брат на Еден Азар, веќе има четири гола во новата сезона и за брзо време се очекува да го облече репрезентативниот дрес на Белгија, каде е повикан по повредата на Де Бруин на квалификациските мечеви за Светското првенство.

Торган беше дел од Чезли во периодот од 2012 до 2015 година, но не настапи на ниту еден официјален меч. Сепак кога клубот го продаде во Германија, постави клаузула според која може да го врати на „Стемфорд бриџ“ за 13 милиони фунти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top