Селекторот на женската ракометна репрезентација на Македонија, Гино Стрезовски, го објави списокот на играчи за дуелот Шпанија во мундијалските квалификации. На списокот покрај ракометарките од домашното првенство се наоѓаат Елена Георгиевска која настапува за Будуќност и Моника Јаневска која настапува во Турција. Собирот на репрезенаттивките е закажан за 21 мај, првата средба со Шпанија ја играме на 1 јуни во Скопје додека реванш натпреварот е закажан за 7 јуни на гости.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


