Емисија на каналот „ТЛЦ“ се занимава со истражување на последиците по наглото губење на килограми. Емисијата следи 12 луѓе кои се соочуваат со последиците на губење на вишокот килограми. Меган е една од кандидатките која отворено го покажува незадоволството по губењето на килограмите.
Меган (24) пред диетата имала 195 килограми. По операцијата на намалување на желудникот ослабнала скоро 100 килограми. Во моментот кога е снимама емисијата имала 92 килограми, од кои скоро 20 килограми се вишок кожа на стомакот, грбот и рацете.
– Ја мрзам својата кожа. Се чувстувам одвратно и гадно. Сакам да го нема овој вишок кожа – вели таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.