| четврток, 6 декември 2018 |

ЛШ: Ракометарите на Металург поразени од Татран Прешов

Ракометарите на Металург го загубија дуелот со словачкиот првак Татран Прешов 27-22 (11-12) во 2.коло од Лигата на шампионите (ЛШ).

Младиот тим на Лино Червар имаше одличен и офанзивен почеток на натпреварот и предност од 9-2 во 14-та минута. Потоа тимот од Автокоманда влезе во мртов период во кој примија серија од четири гола, а до крајот на полувремето Татран се доближи и на минус еден (11-12). Лошата игра на Металург продолжи и во второто полувреме, во кое Словаците продолжија со уште помотиврана и поборбена, додека пак металурзите грешеа, промашуваа и се потешко стигнуваа во позиција за гол.

Единствена светла точка во тимот на Червар беше голманот Дарко Арсиќ, кој и покрај лошата игра на одбраната, успеа да сопре 12 противнички шутеви. Милош Драгаш со пет и Филип Талески со четири гола беа најефикасни кај Металург, додека пак кај Тартан, со седум реализации се издвои левото крило Јакуб Хрстка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top