Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ вчера објави дека ќе ги пропушти првите два турнири од азиската турнеја, а денес за српските медиуми откри дека можноста да го загуби првото место на АТП листата воопшто не го преокупира.
– Максимално ќе се обидувам да придонесам за овој спорт, но јас не сакам да играм тенис само за да освојувам титули. Не се оптоварувам со првото место на АТП листата и освојувањето на титули – рече Ѓоковиќ.
Србинот досегашната кариера има освоено 66 титули, од кои 12 се од Грен слем турнирите. Оваа година триумфираше да првите два, а стигна и до финалето на УС Опен. Потфрли на Олимписките игри, каде загуби во првото коло од Хуан Мартин Дел Потро.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.