| четврток, 6 декември 2018 |

Меркел: Нема промени во политиката на Германија кон мигрантите

%d0%bc%d0%b5%d1%80%d0%ba%d0%b5%d0%bb

Германската канцеларка Ангела Меркел во интервју за денешниот број на весникот „Заксише Цајтунг“ вели дека не ја променила својата политика кон мигрантите, иако призна дека би сакала да може да „го врати часовникот назад“ и да може подобро да ја подготви Германија за мигрантската криза.

Ваквата изјава на Меркел следи откако нејзината Христијанско демократска инија (ЦДУ) оствари незапаметено лоши резултати на изборите во две германски сојузни покраини, за што таа презеде и лична одговорност. ­- Сепак нема промена во курсот. Имавме само многу кохерентна работа во изминативе месеци. Наша цел е да не се повтори состојбата (со приливот на мигранти) од минатата година и постигнавме голем напредок во тие напори во изминативе 12 месеци-нагласи Меркел во интервјуто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top