| четврток, 6 декември 2018 |

Завршиле в болница: Тренерот на Брегалница и поранешниот претседател на клубот по тепачка паднале во канал

juksel

Тренерот на ФК Брегалница, Јуксел Јесилова вчера во полиција пријавил дека бил нападнат од Иле Колев. Според пријавата во МВР нападот се случил на магистралниот пат Кочани-Штип кај селото Крупиште, по што двајцата завршиле в болница.

Полицијата денес информира дека додека Јесилова се движел со автомобил „порше“, кое го управувала неговата сопруга каде како сопаник било и деветгодишно дете, пред нив се движел „мерцедес“, кој постојано ја намалувал брзината и по патот се движел лево-десно не дозволувајќи му на „поршето“ да го престигне, а го управувал претседателот на фудбалскиот клуб.

Кај селото Крупиште „мерцедесот“ му го попречил патот на „поршето“, по што од автомобилот излегол поранешниот претседателот на ФК Брегалница, Колев кој извадил метална прачка и се упатил кон возилото каде што се наоѓал Јесилова. Тренерот излегол од автомобилот, па Колев го удрил со металната прачката во пределот на раката и на ногата. Во обид да се одбрани, како што информираат од полицијата, настанала турканица по што двајцата паднале во каналот што се наоѓал покрај патот.

Јесилова и Колев биле пренесени в болница каде им се констатирани телесни повреди. Од полицијата додаваа дека со И.К. е извршен разговор во полициска станица и се работи на целосно расчистување на случајот.

Неофицијално, причина за нападот се многубројните несогласувања во фудбалскиот клуб.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top