| четврток, 6 декември 2018 |

Скопјанец претепан со ланец и секира пред своите внуци

И.И.(42) од Скопје вчера пријавил дека околу 22.50 часот, додека седел во неговата куќа со неговите внуци, дошле Е.Г. (47) и К.Г. (27) и физички го нападнале. Тие го удирале со ланец кој го носеле со себе, а потоа и со секира која ја одзеле од И.И. со што му нанеле видлива повреда во пределот на главата.

По преземени мерки двете лица биле приведени и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top