| четврток, 6 декември 2018 |

Ми­ле­ни­ци­те на поз­на­ти­те: Ова се на­ши­те нај­вер­ни при­ја­те­ли

Џам­ба­зов ја има Еми­ли­ја, Бил­би­лов, пак, Ма­кси­мус, а Атос е сре­ќа­та на Са­ра и на Ди­ми­тар. Поз­на­ти­те не се иму­ни на ви­та­ми­нот на сре­ќа, кој се при­ма са­мо со ма­вта­ње на опа­шот.

„Пет­на­е­сет ми­ну­ти пред да здр­ма, мо­е­то ку­че ме мо­ле­ше и ме те­ра­ше да из­ле­зе­ме над­вор. Не­ка ре­че пос­ле не­кој де­ка не се из­во­нред­ни“. Све­дош­тво­то на оваа мла­да скоп­јан­ка во овие стрес­ни де­но­ви  са­мо нѐ по­тсе­ту­ва кол­ку жи­во­тот ни е по­до­бар и по­бо­гат би­деј­ќи по­крај нас ги има­ме нив – ми­ле­ни­чи­ња­та од се­кој вид, об­лик, го­ле­ми­на.

Жи­вот­ни­те се­кој ден сѐ по­ве­ќе и по­ве­ќе нѐ из­не­на­ду­ва­ат и нѐ пра­ват бла­го­дар­ни што по­сто­јат.

Ни поз­на­ти­те не се иму­ни на овој ви­та­мин на сре­ќа. По­ве­ќе­то од нив по­рас­на­ле со жи­вот­ни­те ка­ко нај­вер­ни при­ја­те­ли, а мно­гу­ми­на сѐ уште не мо­жат да го за­мис­лат жи­во­тот без ва­ков жи­во­тен со­пат­ник.

По­ве­ќе од де­це­ни­ја Игор Џам­ба­зов ни­ка­де не оде­ше без сво­јот Бо­шко, де­нес акте­рот има со­се­ма раз­лич­но друш­тво. Мач­ка­та Еми­ли­ја Џам­ба­зо­ва Бав­чан­ска има и свој про­фил на „Фејс­бук“ и из­да­де­но „сво­ја кни­га“.

9

Емилија и нејзиниот Игор

Во љу­бов­но­то гнез­до на Са­ра Мејс и Ди­ми­тар Ата­на­сов­ски жи­вее уште еден ци­мер. Атос е гор­до­ста на пе­јач­ка­та и на во­ди­те­лот, кои се­кој миг од сло­бод­но­то вре­ме го по­ми­ну­ва­ат со сво­е­то ку­че. Атос оди на тур­не­ја со Са­ра, а на про­ше­тка со Ди­ми­тар.

6

Димитар и Сара со нивниот Атос

Ра­пе­рот То­ни Зен, исто та­ка, со се­бе на се­ка­де го но­си сво­е­то вер­но дру­гар­че, ку­че­то Чи­чо.

1

„Само Максимус ме сака кога сум болен“

Ро­берт Бил­би­лов и Ди­ми­тар Ан­до­нов­ски има­ат иста љу­бов –џу­џест пинч. Ма­кси­мус е по­крај Ро­берт и ко­га тој е бо­лен, а Ср­на најм­но­гу са­ка ко­га се га­ли со сво­јот Ди­ме.

5

Димитар Андоновски и неговата Срна

Во се­мејс­тво­то То­дев­ски жи­вот­ни­те отсе­ко­гаш има­ле важ­но ме­сто. Та­ма­ра е љу­би­тел и на мач­ки и на ку­чи­ња, а неј­зи­на­та по­ста­ра се­стра Ти­ја­на ве­ќе три го­ди­ни го има Лу­ле.

17

Тијана и Вук со нивниот Луле

16

Тамара голем љубител на животни

Во до­мот на Вес­на Пе­тру­шев­ска се­ко­гаш се слу­ша­ат среќ­ни ла­е­жи на не­кол­ку среќ­ни ку­чен­ца. Ве­рен че­ти­ри­но­жен при­ја­тел има­ат и Ка­ли­о­пи, Еле­на Ри­сте­ска, Мар­ја­на Ста­ној­ко­виќ, Ма­ја Ву­ки­че­виќ, Игор Ми­тро­виќ…

4

Весна и Аце

7

Елена Ристеска

13

Марјана

12

Маја Вукичевиќ

10

Игор Митровиќ

2

Александар Тарабунов

Бекам има прасе, Николас Кејџ октопод

Иа­ко ку­чи­ња­та, мач­ки­те, ри­би­те, па­па­га­ли­те се нај­че­сти­от из­бор за до­маш­но ми­ле­ни­че, не­кои лу­ѓе са­ка­ат не­што по­и­на­кво и не­ти­пич­но, па се од­лу­чу­ва­ат да чу­ва­ат по­ег­зо­тич­ни жи­вот­ни ка­ко ми­ле­ни­чи­ња. По­ве­ќе­то хо­ли­вуд­ски ѕвез­ди чу­ва­ат ку­чи­ња, но по­сто­јат и по­не­кон­вен­ци­о­нал­ни.

Ве­ру­ва­ле или не, Ри­си Ви­терс­пун има сво­ја фар­ма со ма­га­ри­ња, до­де­ка Ни­ко­лас Кејџ, пак, во аква­ри­ум чу­ва окто­под.

Бе­ка­мо­ви чу­ва­ат две пра­си­ња, кои до­би­ле ими­ња по нив­ни­те при­ја­те­ли Ел­тон Џон и не­го­ви­от со­пруг Деј­вид Фур­ниш.

До­бро е поз­на­то де­ка бо­ксер­ска­та ле­ген­да Мајк Тај­сон поч­нал да при­би­ра гу­ла­би уште пред да поч­не да ја гра­ди сво­ја­та ка­ри­е­ра. Де­нес има по­ве­ќе од ил­ја­да гу­ла­би за кои се гри­жи и про­фе­си­о­на­лен тре­нер.

Хју Хеф­нер во сво­јот рас­ко­шен двор има па­у­ни, фла­мин­го­си и мај­му­ни, а Чар­ли Шин, пак, е љу­би­тел на гу­ште­ри.

Пишува: Марина Костовска
(Текст објавен во 211. број на неделникот „Република“, 16.09.2016)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top