| четврток, 6 декември 2018 |

Трагедија во Струшко: Сакала да му помогне на сопругот, па заминала во смрт

policija

Шеесет и двегодишната М.Ш. од струшкото село Враништа вчера вечерта го загуби животот откако била прегазена од семејниот автомобил, кога околу 18 часот и 20 минути во Радожда, заедно со нејзиниот сопруг, тргнале да си одат од домот на С.Г.

Нејзниот сопруг не можел да го стартува автомобилот „фиат“, па им рекол на сопругата и С.Г. да го туркаат по нагорнината по близина за да го стартува возилото, но во еден момент автомобилот почнал да се враќа назад, а сопирачките не работеле. Жената била прегазена и починала на пат кон болница.

Полицијата на местото на несреќата извршила увид и по наредба на јавен обвинител телото на починатата е предадена на семејството за погреб.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top