
Премиерот на Каталонија, Карлес Пучдемон изјави дека во септември идната година ќе биде спорведен референдум за независност на североисточната шпанска автономна област со согласност или без на централната власт.
– Ќе се обидеме да добиеме согласност од Мадрид. Во случај на позитивен одговор ќе бидам подготвен да распишам референдум во втората половина на септември следната година, истакна Пучдемон.
Тој стапи на должност на почетокот од годината со јасна програма да создаде неопходни услови за независност Каталонија до следната година.
– До крајот на јуни Парламентот ќе ги одобри неопходните закони, за да може Каталонија да функционира како независна држава и ќе ги повика граѓаните да го дадат својот глас за независност, посочи Пучдемон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


