| четврток, 6 декември 2018 |

Констатирани првите здравствени проблеми на Катица

И веќе тука се констатирани првите здравствени проблеми на Катица. Имено, стручен конзилиум утврдил дека Заев ѝ е во срцето и и ја блокира главна срцева комора, па кога Црпнатиот е во криза, скока и урла наоколу, се заглавува протокот и Катица страда пишува Латас во последната колумна „СЈО шоу“.

А пошто сите ние, преку нашите телефонски разговори, сме во рацете на Заев и Катица, кога они страдаат – патиме сите ние. Убаво му кажа Катица на Антонио Милошовски во Собрание: нема потреба да те слушам од говорница, те слушам доволно во твоите телефонски разговори и знам кој си и што си.

Можеби некој свилен овдешен ќе помисли дека е тоа закана и злоупотреба на службена положба од страна на Катица, но тоа беа оние денови кога Заев силно рипаше и врескаше во нејзиното срце, а болест е алиби за секое дело. Катица го знае тоа.

Среќа што Катица не е гинеколог, па да им ги извади досиејата на сите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top