Извори во СДСМ незадоволни од нивото на внатрешната битка во најголемата опозициона партија брифираат дека хаосот што започна пред неколку дена во Битола и во Кавадарци каде имало сериозни кавги и физички пресметки продолжува и последниве денови.
Лошата атмосфера продолжила и во Ресен каде дошло до тепачка, во Прилеп во напната атмосфера не поминала листата на членови во највисоките тела на партијата.
Во најголемиот дел од општинските оргазнизации се случуваат сериозни тензии при изборот на членовите на централниот одмор и делегати на конгресот закажан за втори Јуни од чие што гласање ќе зависи кој ќе биде лидер на партијата и каков правец ќе заземе СДСМ во иднина.
Високи претставници на партијата сметаат дека најавата дека Зоран Заев се откажува од кандидатурата за претседател била само политички маневар која ја координираат со неговиот најголем поддржувач Шекеринска.
Најновата изјава на Заев дека не се откажува од кандидатура е потврда дека тој никогаш не сакал да се повлече туку сакал да им покаже на сопартијците дека е важен играч во партијата.
Според неофицијални партиски анкети Заев е во водство пред останатите тројца формални кандидати Игор Ивановски Шема, Кире Наумов и Зоран Јовановски поради што неговите противници започнале медиумски напади против него.
Наводното негово повлекување всушност имало за цел да ги амортизира нападите од медиумите кои што се под влијание на Црвенковски и неговите против кандидати.
Потегот на Заев е во целост координиран со Шекеринска а заминувањето на Шекеринска во Струмица всушност е обид да се подигне цената на струмичкиот градоначалник.
Паралелно со пресметката меѓу кандидатите во партијата се случува се поинтензивен процес на собирање на потписи за кандидатура и останување на Бранко Црвенковски на чело на партијата.
Зад оваа операција стојат неговата најблиска соработничка Наташа Савова и Горан Минчев кој последните неколку недели интензивно работел на терен но и диреткно кај кандидатите во обид да ги убеди единствен кандидат на конгресот на биде Црвенковски.
На терен , таму каде што има влијание е активна и Наташа Савова и неколку нејзини луѓе кои го координираат кандидирањето на Црвенковски во опптинските одбори на СДСМ.
Според анализата на изворите на Република досега над 1600 членови го кандидирале лидерот на партијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.