Охрид е на првото место на листата на туристички места што се релаксирани и не се преполни со луѓе. Градот е одлично место да се помине годишниот одмор. Ова го препорачува полскиот информативен портал „Газета“ (www.gazeta.pl).
Порталот ја опишува Македонија како земја со недопрени природни убави, во која доминираат планини и чист воздух. Туристите лесно можат да избегаат од бучавата, а порталот посебно го препоррачува Охрид и плажите Трпејца и Љубаништа, како најдобри.
На второто место на оваа листа се наоѓа крајбрежјето на Летонија и регионот Ла Марш во Италија на третото место. Меѓу првите десет се наоѓаат мали и непознати туристички места во Шпанија, Хрватска, Молдавија, Грција и на Канарските Острови, додека на 10. место се наоѓа планинскиот регион Ниски Бескиди во Полска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


