Македонија има поддршка од САД, но потребен е компромис со Грција за прашањето со името што ја држи Македонија далеку од евроатлантските структури, му порачала амбасадорката на САД во Обединетите нации, Розмари Ди Карло на ДУИ, Али Ахмети на нивната средба во Њујорк.
Ахмети нагласил дека еден таков меѓународен поттик е потребен кога треба конечно да се реши прашањето со името.
„Претседателот Ахмети и Метју Нимиц, посредник на ОН за прашањето со името помеѓу Грција и Македонија, разговараа за последните случување околу преговорите за спорот со името. Ахмети и Нимиц се сложија дека сега е најдоброто време да се реши ова прашање и дека политичарите треба со храброст да превземат значајни одлуки за да ја осигураат иднината на земјата. Нимиц му се заблагодари на Ахмети за вредните совети како и за неговата поддршка во смисол на потмагање на процесот, додека Претседателот Ахмети упати апел до меѓународната заедница за поголема поддршка кон процесот на посредувачот Нимиц“, се вели во соопштението од ДУИ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



