| четврток, 6 декември 2018 |

Гласањето ја разбранува Босна: Додик повикан на сослушување во врска со референдумот во Р. Српска

Milorad-Dodik-015

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик е повикан на информативен разговор во својство на осомничен во предмет во врска со одржување на референдумот за Денот на РС, јави Фена.

Од Обвинителството и е потврдено на агенцијата дека Додик е повикан да сведочи во предмет што се однесува на неизвршување одлуки на Уставниот суд на БиХ. Обвинителството на БиХ претходно соопшти дека во врска со тоа собира одредени докази и неколку лица ќе бидат повикани на сослушување.

Весникот Дневни аваз, повикувајќи се на извори во Стејт департментот, објави дека САД бараат санкции за организаторите на референдумот во Р.Српска.

– Тие кои ги поткопуваат дејтонските институции мора да се сметаат за одговорни за своите дестабилизирачки акции, објави весникот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top