| четврток, 6 декември 2018 |

Ѝ се ближи крајот, а сè уште не дозна кој ја уби ќерка ѝ – Зоран ја моли за прошка мајка ѝ на Јелена

zoran

Тешко болната Зорица Красмановиќ, мајка на брутално убиената пејачка на „Гранд“, Јелена Марјановиќ во Военомедицинската академија беше посетена од зетот Зоран Марјановиќ.

-Ене го, доаѓа кај мајката на Јелена за прошка. Себеси се смета виновен за нејзината смрт, е само еден од коментарите што пациентите на ВМА ги разменуваат секојдневно гледајќи ја мајката на Јелена како клечи и плаче покрај креветот.

Нивните емотивни средби ги потресоа сите во болницата.

-Зоки мој, ти кога дојде сонце ме огреа – едвај изговорила Зорица.

Според зборовите на очевидици, во една пригода Зоран ја донел и Јана во болницата, за која Зорица постојано се распрашува, но девојчето заспало во возилото, па Владимир останал да ја чува на паркингот. Место тоа, Зоран на својата тешта ѝ донел слика од нејзината внука.

-Тоа ѝ го кажа Зоран, зошто таа веднаш праша каде е внуката. Потоа го извади телефонот и ѝ покажа фотографии од малечката, кои ги направил во саботата наутро – вели очевидиец и додава.

-Како да имаше сила, фотографиите ѝ измамија насмевка. Тргнаа и солзите, зошто Зорица цело време гледаше во телефонот.

Инаку, кога Зоран влегол во собата во која лежела неговата тешта, и кога ја видел во каква состојба е, не можел да ги запре солзите.

– Силно ја гушкаше и така останаа неколку мигови. Клечеше покрај нејзиниот кревет, па разговараа. Дека на Зорица ѝ годеше средбата, говори и тоа што силно го гушкала и му шепотела: Зоки мој, ти кога дојде, сонце ме огреа – вели сведок на посетата.

Очигледно дека односите меѓу тештата и зетот се добри и дека таа безусловно му верува и натаму дека тој нема никаква врска со бруталното убиство на нејзината ќерка.

-Таа знае дека Зоран не е вмешан во убиството на Јелена. По смртта на ќерката, освен сестрите и малечката Јана, таа нема никого. Зорица и сама гледа колку зетот се грижи за девојчето и дека ѝ го посветува целото време- вели извор близок до семејството.

За Зорица, исто така, се грижат и нејзините две сестри Славица и Љубица.

-Зорица е во лоша состојба, слабо зборува и само лелека. Со сестрата Славица постојано ја посетуваме и се надеваме дека ќе биде подобро – вели Љубица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top