Француската ракометна федерација изненадувачки донесе одлука да го смени селекторот Клод Онеста пред Светското првенство во јануари и на негово место го постави неговиот помошник Дидие Динар.
Веста ја објави 59-годишниот стручњак од Тулуз, кој од 2001 година ги водеше „триколорите“, но потфрли на Европското првенство во Полска, а освои сребро на Олимпоските игри во Рио де Жанеиро. Со Онеста на клупата Франција освои три титули светски и три европски првак и два трофеи олимписки шампиони.
Негов асистент, легендарниот кружен напаѓач и соиграч на нашиот Кире Лазаров во Сиудад Реал, Дидие Динар требаше да го наследи по Мундијалот, но дојде до промена во плановите и Динар ќе ги води „галските петли“ на големиот собир.
Онеста ќе остане да работи во федерацијата како генерален менаџер и ќе ја координира работата на сите репрезентации на Франција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.