По повод 20 години од учеството на Република Македонија во манифестацијата „Европски денови на културно наследство“, во НУ Музеј на македонската борба ќе биде поставена филателистичка и картофилска изложба на д-р Бранислав Светозаревиќ насловена како „Европа во Македонија“.
Изложбата ќе биде отворена в петок, на 23 септември во 16.00 часот во холот на музејот.
Изложбата содржи богат картофилски материјал од 1938 година до денес – покани, разгледници, писма и друга дипломатска кореспонденција во Македонија низ времето. На нив се претставени разни политичко-дипломатски, културни и спортски настани со европски предзнак кои се одржувале во Македонија и ја одразуваат богатата соработка на македонските и европските институции.
Д-р Бранислав Светозаревиќ (1966г.) е истакнат автор на околу 30 научни трудови од областа на историјата, архивистиката, музеологијата, етнологијата и културата. Реализирал повеќе од 21 фотографски, филателистички и картофилски изложби на теми од историјата, културата и спортот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.