Славниот француски актер Жерар Депардје, кој ја напушти татковината откако социјалистичката влада на претседателот Франсоа Оланд наметна зголемени даноци за богатите компании и поединци, повеќепати во минатото изјави дека повеќе не се смета за Французин. Во разговор за италијанскиот дневен весник „Кориере дела Сера“ вели дека оваа земја се претворила во „Дизниленд за странци”.
На новинарското прашање дали сé уште се чувствува како Французин, актерот одговара „Не, јас сум државјанин на светот. Франција е во опасност да стане обичен Дизниленд за странците, земја населена со имбецили кои прават вино и смрдливо сирење за туристите. Таму повеќе нема слобода, се манипулира со луѓето“.

Сепак, за Италија нема навредливи коментари и критики.
– Вие во Италија, за среќа, не ја загубивте својата култура и идентитетот бидејќи сте млада земја, родена со Гарибалди, за разлика од половината Европа која, стравувајќи од мигрантите, стана малку и фашистички настроена – смета Депардје кој има руско државјанство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.