Францускиот актери Жерар Депардје и српскиот режисер Емир Кустурица станале персона нон грата во Украина, каде што се сметаат за „закана по безбедноста на земјата“.
Според пишувањата на еден француски весник кој пак се повикува на рускиот „Вести“ украинското министерство за култура од јуни прави список на светски уметници кои се против властите во Киев.
На листата, чијашто содржина би требало да биде објавена на 3 август, наводно, се наоѓаат 600 имиња.
Освен Кустурица и Депардје, се и американскиот режисер Оливер Стоун, и актерот Стивен Сигал, кој е долгогодишен пријател на рускиот претседател Владимир Путин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.