Режисерот Емир Кустируца остро одговори на навредите, кои на фестивалот во Венеција му ги упати актерот Жерард Депардје.
– Замислете кога јас би кажал за Депардје дека е пропаднат алкохоличар, измамник кој поради даночни олеснувања, а не од љубов кон руската култура, зел руски пасош, дека е неморално ѓубре, кое не може да ја издржи вистината дека Русите ги сакаат моите филмови и музиката, која ја свирам, како и Французите, изјави режиресот.
Францускиот актер во интервју за италијанскиот весник „Република“, кое го даде на филмскиот фестивал во Венеција го обвини српскиот режисер дека е „лажен лик“.
– Кустурица е лажен лик, еден лажго. Тој е целиот една фикција, еден исконструиран лик, сака да се прави дека е Ром, но не е, тој е дете на буржоазиски родители, не е уметник од народот, како што сака да се претстави. Тој не е ниту Србин, Србите го презираат. Тој е еден ужасен лик, една целосна фарса, рече Депардје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.