Жерар Депардје ќе го толкува ликот на советскиот диктатор Јосиф Сталин во новиот филм „Софата на Сталин“, соопштил претставникот за медиуми на францускиот актер.
Филмот ќе го режира француската актерка и режисерка Фани Ардан, пренесува агенцијата „АФП“.
Филмот е адаптација на романот од 2013 година, кој говори за младиот уметник кој добива задача да направи споменик на Сталин.
Депардје (67) кому рускиот лидер Владимир Путин му даде руско државјнаство, е еден од најуспешните француски актери, познат по многубројните улоги, меѓу кои глумел и во филмовите „Сирано де Бержерак“, „Клетници“, „Жан де Флорет“, а најпознат е по романтичната комедија „Зелена карта“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.