Експретседателката на СДСМ, Радмила Шеќериснка оди за Струмица да го разубеди Зоран Заев од намерата да ја повлече кандидатурата на лидер на партијата. По вчерашната жестока дебата на Извршниот одбор, Заев најавил дека се повлекува од игра. Како причина за ваквата намера на Заев се потенцираат меѓупартиските битки и нефер кампањата на одредени кандидати.
Засега јавно се обелоденети четири кандидатури. Покрај Заев, која сега е под знак пашалник, за ова место во трка влегоа и Игор Ивановски, Кире Наумов и Зоран Јовановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


